МАСК ЌЕ ГО РЕФОРМИРА ТВИТЕР ПА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ Милијардерот ги откри своите планови

Во објава на социјалната мрежа Твитер Маск напиша дека планира да остане на челната позиција додека компанијата не ја зацврсти својата позиција на пазарот, додавајќи дека за тоа ќе биде потребно извесно време.

103

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека во иднина планира да се повлече од позицијата директор на Твитер и воедно изрази надеж дека реструктуирањето на компанијата ќе биде завршено во следните неколку недели.

Во објава на социјалната мрежа Твитер, тој напиша дека планира да остане на челната позиција додека компанијата не ја зацврсти својата позиција на пазарот, додавајќи дека за тоа ќе биде потребно извесно време.






Како што пишува „Вашингтон пост”, Маск вчера наводно испратил имејл до вработените во Твитер во која порачал дека тие мора да се обврзат на „прекувремена работа со висок интензитет” или во спротивно да ја напуштат компанијата.

На оние кои сакаат да ја напуштат компанијата ќе им се исплати отпремнина во висина од три месеци плата, пишува американскиот весник.

Поврзани содржини