МАСК, БЕЗОС И ЗАКЕРБЕРГ ВО ПРВ РЕД ЌЕ ЈА СЛЕДАТ ЦЕРЕМОНИЈАТА Трамп ќе стапне во Белата куќа в понеделник

Тројцата техномилијардери ќе седнат на видно место за време на церемонијата, заедно со кандидатите од новоизбраната републиканска администрација и други избрани функционери, тврди извор за Ен-Би-Си.

339

Милијардерите Илон Маск, Џеф Безос и Марк Закерберг во понеделник ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјавија извори за Ен-Би-Си.

Според изворот, тие ќе седнат на видно место за време на церемонијата, заедно со кандидатите од новоизбраната републиканска администрација и други избрани функционери.






Амазон на Безос и Мета на Закерберг се меѓу компаниите кои донираа по еден милион долари за инаугурацијата на Трамп. Илон Маск, пак, извршниот директор на Тесла, Спејс Икс и Икс, потроши повеќе од четвртина милијарда долари за да му помогне на Трамп да победи на ноемвриските избори.

Инаугурацијата на Доналд Трамп ќе се одржи во понеделник на 20 јануари.

Поврзани содржини