МАСК ОД ТЕСЛА БАРА ПЛАТА ОД ИЛЈАДА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Акционерите се поделени пред гласањето, се води и кампања за поддршка
Аргументот на Тесла во корист на пакетот плата се базира на идејата дека Маск би можел да ја напушти компанијата ако акционерите не ја одобрат препораката на одборот. Тие тврдат дека не можат да си дозволат да го изгубат и дека тој „уникатно ги поседува лидерските квалитети потребни за да ја постигне својата долгорочна мисија“.
Пред годишниот состанок на акционерите, Тесла започна дигитална кампања за да го оправда предложениот, дарежлив пакет плати за Елон Маск, со порака дека нивниот шеф вреди билион, или илјада милијарди долари (1.000.000.000.000 или 10¹²).
На страницата Votetesla.com беше објавено видео во кое претседателката на одборот Робин Денхолм и директорката Кетлин Вилсон-Томпсон го фалат.
Please take a moment to vote your Tesla stock. It is super important.
Control of Tesla could affect the future of civilization. https://t.co/gKmgei02mT
— Elon Musk (@elonmusk) October 29, 2025
Аргументот на Тесла во корист на пакетот плата се базира на идејата дека Маск би можел да ја напушти компанијата ако акционерите не ја одобрат препораката на одборот. Тие тврдат дека не можат да си дозволат да го изгубат и дека тој „уникатно ги поседува лидерските квалитети потребни за да ја постигне својата долгорочна мисија“.
Сепак, не е јасно дали сите акционери ќе се согласат со тоа, што значи дека состанокот во Остин, Тексас, ќе се претвори во вистински референдум за самиот Маск.
Неговото политичко свртување кон десно го направи еден од најполаризираните извршни директори во поновата историја.
Самиот Маск дополнително ги зголеми влоговите на X – социјалната мрежа што ја поседува – изјавувајќи дека судбината на Тесла „може да влијае на иднината на цивилизацијата“.
Тој го користи и своето влијание за да ги засили гласовите на истакнати поддржувачи на договорот, вклучувајќи го Мајкл Дел од „Дел Технолоџис“, извршната директорка на „Арк Инвест“, Кети Вуд, и неговиот брат Кимбал, кој е член на одборот на Тесла.
Но, не се согласуваат сите. За некои, фокусот на Маск и сапуницата околу неговата плата е симптоматски за тоа како автомобилската компанија – која доживува пад на продажбата – ја изгуби насоката под негово водство.
– Неверојатно ми е дека компанија која се бори да продава автомобили би трошела пари за рекламирање за да продаде пакет за плати. Тесла треба да го врати фокусот на компанијата кон нејзината суштина – препродажба на електрични возила – рече Рос Гербер, извршен директор на „Гербер Кавасаки Велт енд Инвестмент Менаџмент“, која ги намали своите удели во Тесла во последниве години и ги засили критиките за насоката на компанијата.
За возврат на соговорот за плата Маск си постави цел да ја зголеми пазарната вредност на Тесла на 8,5 билиони долари, од сегашните 1,4 билиони долари.
Тој, исто така, ќе треба да го надгледува масовното проширување на автомобилите „Роботакси“ што се управуваат самостојно и да воведе милион од нив во комерцијална употреба – не е мал подвиг со оглед на нивното разочарувачко лансирање.
Ако тоа успее, заедно со исполнувањето на другите критериуми, Маск ќе добие 423,7 милиони нови акции, што би вредело речиси 1 билион долари ако се достигне целната пазарна вредност.
Секако, ова не е првата контроверзност околу платите во која влегоа Маск и Тесла. Претходно, Тесла двапати доби одобрение од акционерите за пакет плати вреден десетици милијарди долари, ако Маск успее да ја зголеми пазарната вредност на компанијата десеткратно но договорот не помина на суд.