МАШКИ ТРУП ПРОНАЈДЕН ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР Станува збор за исчезнат 88-годишник

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

290

Машки труп е пронајден денеска во водите на реката Вардар, кај Пешачкиот мост во близина на здравствена установа. По преземени активности е утврдено дека станува збор за Ј.Ш.(88), за кого на 15 октомври 2023 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје од случаен минувач.






Полициски службеници од ПС Карпош излегле на местото, а од страна на припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје телото е извлечено од водите на реката. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

📷 ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ НА КЕЈОТ НА ВАРДАР Телото го нашле случајни минувачи

Поврзани содржини