МАШКИ БИОЛОШКИ ЧАСОВНИК Какви ризици носи татковството по педесеттата?

Акумулацијата на промени кај постарите мажи може да го зголеми ризикот од состојби како што се аутизам, педијатриски карциноми, ахондроплазија и шизофренија; ја намалуваат веројатноста за успех на ИВФ и го зголемуваат ризикот од перинатални компликации

511

Дека мајчинството е ограничено од биолошкиот часовник е добро познат факт што многу жени ги држи будни ноќе, управува со нивниот избор на кариера, врски и односи. Од друга страна и татковството во позрела возраст си носи свои ризици.
Една нова студија открива дека сѐ повеќе мажи во САД имаат над 50 години во моментот на раѓањето на нивното дете.

Причините за овој тренд (кој го следеа и филмските ѕвезди Ал Пачино и Роберт де Ниро) се нејасни, но урологот Алберт Ха и неговите колеги од Универзитетот Стенфорд забележуваат дека ова често се припишува на „помалата грижа за машкиот биолошки часовник и желбата за образовна и финансиска стабилност пред основање семејство“.






„Претходните студии, исто така, го истакнале влијанието на промените во родовите норми кои промовираат активно вклучување на родителите, истовремено нагласувајќи ги традиционалните улоги како што е машкиот „хранител““, додаваат авторите.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини