МАШИНИТЕ НА „БРАКО“ ЗАЧИСТИЈА ПРЕД БЕЛАТА КУЌА Возилата од Велес ја одржуваат хигиената на улиците на Вашингтон

Возилата на „Брако“  за одржување на хигиена во урбани средини од брендот „Green Мachines“ веќе се одомаќинети во американската престолнина. Во јануари годинава еколошката машина GM500ze го чистеше дворот на Белата куќа во Вашингтон, во пресрет на инаугурација на американски претседател Џо Бајден.

333

Иновативната машина за чистење на „Green Мachines“, произведена во фабриката „Брако“ во Велес,  повторно во акција пред Белата куќа во Вашингтон. Со својот уникатен дизајн присуството на GM636 не остана незабележано додека ја извршуваше својата задача.

Возилата на „Брако“  за одржување на хигиена во урбани средини од брендот „Green Мachines“ веќе се одомаќинети во американската престолнина. Во јануари годинава еколошката машина GM500ze го чистеше дворот на Белата куќа во Вашингтон, во пресрет на инаугурација на американски претседател Џо Бајден.






Поради својот футуристички дизајн, овие возила го привлекуваат вниманието и на филмските режисери и се појавуваат во сцени од „Man In Black 3“ и „Star Wars: Episode I – The Phantom Menace“.

Инаку,  „Green Machines“, која од октомври 2019 година е во сопственост на велешки „Брако“, има долгогодишна традиција во областа на производството на технолошки напредни и иновативни машини за одржување на хигиената во урбани средини и важи за глобален лидер со врвна репутација.

 

Поврзани содржини