📽️ 📷 МАСАКР ВО ЊУЈОРК, УБИЕН ПОЛИЦАЕЦ И УШТЕ 3 ЛИЦА Камерите го снимија напаѓачот како пука без милост

Ужас во Менхетен: Вооружен маж со М4 пушка упаднал во престижна деловна зграда и отворил оган врз полицаец и цивили, по што се застрелал на 33-ти кат. Градоначалникот Ерик Адам го нарече нападот „чин на лудо насилство“.

2,864

Вчера во 18 часот по локално време, маж вооружен со автоматска пушка М4 излегол од црн автомобил и без предупредување упаднал во зградата на Парк Авенју 345 во Њујорк, каде веднаш отворил оган врз полицаец што се наоѓал во лобито.

Напаѓачот потоа продолжил да пука во зградата каде се сместени некои од највлијателните компании во САД, како финансискиот гигант „Блекстоун“, ревизорската компанија КПМГ и седиштето на Главната лига фудбал. Полицијата потврди дека четири лица се убиени, меѓу кои и полицаец, а уште четворица, тројца мажи и една жена, се борат за живот.






Според градоначалникот на Њујорк, Ерик Адам, станува збор за уште еден „чин на лудо насилство“ што го потресе градот. Камерите за надзор го снимиле напаѓачот при самиот почеток на нападот, а според податоците од истрагата, тој наводно се застрелал на 33-ти кат од зградата.

 

„Напаѓачот најверојатно доаѓа од Лас Вегас и има историја на психијатриски нарушувања. Се претпоставува дека дејствувал сам“, соопшти полицијата.

Целата област беше блокирана, полициски хеликоптери надлетуваа над Менхетен, десетици амбулантни возила и специјалци реагираа за неколку минути. Инцидентот се случи само неколку блока од Централ Парк, во елитниот кварт со луксузни хотели и корпоративни седишта.

 

Левичарскиот кандидат за градоначалник Зохран Мамдани рече дека е „длабоко шокиран и скршен од оваа трагедија“.

Овој напад само ја продлабочува црната статистика: во 2024 година, според непрофитната организација „Gunshot Records“, во САД биле убиени над 16.000 луѓе со огнено оружје – бројка што не ги вклучува самоубиствата.

 

Поврзани содржини