Во селото Расно во близина на Нови Пазар во Србија, денеска се случило повеќекратно убиство.
Енедин Турковиќ (44) откако ги застрелал поранешната сопруга Бисера Ш.(44) и нејзините родители Фехим П.(64) 9 Шефка Ш.(60) се самоубил. Тој по неколку часа бил пронајден и опколен од полицијата во својата куќа во селото Долиќе, но не сакал да се предаде и се убил.
Според српските медиуми, жртвите биле застрелани во нивната куќа, а тројцата убиени починале на самото место на злосторството. Убиецот пукал и во Беким Ш.(35) брат на Бисера, како и во Зинета А. и Невзат А., соседи кои биле во куќата. Жртвите биле пронајдени во локви крв лежејќи едни врз други.
Шефот на хирургија во болницата во Нови Пазар, Изет Тутиќ, изјавил дека Беким Ш, се наоѓа во многу сериозна состојба.
– Тој беше застрелан неколку пати во градите и десната рака. Во моментов е на скенер и го подготвуваме за операција – рече Тутиќ и додаде дека лекарите се борат за животот на човекот.
Зинета е погодена во нога, е нејзиниот сопруг е во болница, но не се знае какви повреди има.
Сосетката на Зинета рекла дека Енедин влегол во куќата и почнал да пцуе, по што извадил пиштол и почнал да пука.
Некои медиуми објавиле дека осомничениот дошол од Германија, каде што работел привремено. За сега не се познати мотивите за масакрот.