МАСАКР ВО ХОСТЕЛ, ДЕСЕТИНА МРТВИ, УШТЕ ПОВЕЌЕ РАНЕТИ Крваво утро во Преторија, Јужна Африка

Полицијата работи на расчистување на мотивот и на идентификација на сторителите, додека засилените патроли остануваат на терен поради можноста од нови инциденти.

140

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во пукање што утрово се случи во хостел во предградието Солсвил, во близина на Преторија, соопшти јужноафриканската полиција.
Според официјалните информации, вооружени напаѓачи отвориле оган врз луѓето сместени во хостелот, при што на местото на настанот починале најмалку десетмина. Инцидентот се случил околу 4 часот наутро.

– Најмалку десет лица се убиени во Солсвил, Преторија. Повеќе од десет се повредени и пренесени во болница – изјави портпаролката на јужноафриканската полиција Атленда Мате.
Полицијата работи на расчистување на мотивот и на идентификација на сторителите, додека засилените патроли остануваат на терен поради можноста од нови инциденти.
Настанот предизвика голема вознемиреност во локалната заедница, која веќе подолго време се соочува со високо ниво на насилство и криминал.






Поврзани содржини