МАСАКАР ВО ГЕЈ-КЛУБ Напаѓачот уби пет лица, десетици повредени (ВИДЕО)

Напаѓачот е уапсен, потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро. Осомничениот е во притвор и е повреден, изјави Кастро на прес-конференција.

557

Во престрелка во геј-клуб во Колорадо загинале 5 лица, а 18 се ранети, јавуваат американските медиуми.

Напаѓачот е уапсен, потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро. Осомничениот е во притвор и е повреден, изјави Кастро на прес-конференција.






Мотивот сѐ уште не е познат.

Од клубот „Q“ на Фејсбук објавија:

„Тажни сме поради овој напад врз нашата заедница. Нашите молитви и мисли се со сите жртви и нивните семејства и пријатели. Благодарни сме за брзите реакции на нашите посетители кои го покорија напаѓачот и ставија крај на овој напад со омраза“, рекоа тие.

 

Поврзани содржини