Мас: Лошо е за Советот за безбедност на ОН што нема единство околу пандемијата

Како што пренесуваат германските медиуми, тој смета дека не може Советот за безбедност да не се огласи кога цел свет се бори со таква пандемија.

193

Германија има намера да покрене нова иницијатива за усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за пандемијата на коронавирусот, најави министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

Лошо е за Советот за безбедност на ООН што сѐ уште не постигна единство околу оваа важна глобална тема – рече Мас.






Како што пренесуваат германските медиуми, тој смета дека не може Советот за безбедност да не се огласи кога цел свет се бори со таква пандемија.

Германија ќе го преземе претседателството со Советот за безбедност на ООН на 1 јули, на еден месец.

Резолуцијата за коронавирусот досега изостана поради спорот меѓу САД и Кина, кој  првенствено е за улогата на Светската здравствена организација.

Поврзани содржини