Мас ќе дава гајба пиво на колегата Раб, се обложиле пред натпреварот Германија – Англија

„Мојот колега од Обединетото Кралство и јас се согласуваме околу речиси сè во меѓународните односи, но не и околу тоа кој ќе победи на „Вембли“, па, како би било малку да се обложиме“, напиша Мас на својот Твитер профил.

330

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и неговиот британски колега Доминик Раб се обложија во гајба пиво пред вечерашниот натпревар што двете земји го играат во рамки на осминафиналето на ЕУРО2020.

„Мојот колега од Обединетото Кралство и јас се согласуваме околу речиси сè во меѓународните односи, но не и околу тоа кој ќе победи на „Вембли“, па, како би било малку да се обложиме“, напиша Мас на својот Твитер профил.






Британскиот министер го прифати предизвикот. „Come on England“ (Напред Англија), одговори Раб.

Мас и Раб се наоѓаат во италијанскиот град Матера на еднодневен самит на шефовите на дипломатиите на земјите од Г20.

Натпреварот заврши, Англија ја победи Германија со 2:0. Очигледно е дека Мас ќе дава гајба пиво на колегата Раб.

Поврзани содржини