МАРТОВСКИТЕ БАБИ ЌЕ СВИЈАТ УШТЕ ЕДНО ОРО Променливо време, час сонце, час облаци
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура од минус 3 степени, а најтопло во Гевгелија со дневна температура од 16 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 2 степена наутро, до 15 степени преку денот.

Следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд.
