Мартин Серафимов е позитивен на ковид-19, им посака среќа на соиграчите во Тулуз

Како што беше објавено вчера еден ракометар и еден член на стручниот штаб беа позитивни на тестирањето за коронавирус, а играчот самиот ја објави информацијата.

472

Мартин Серафимов е ракометарот од Металург кој нема да патува за Франција за натпреварот со Тулуз, поради тоа што тој е позитивен на ковид-19.

Како што беше објавено вчера еден ракометар и еден член на стручниот штаб беа позитивни на тестирањето за коронавирус, а играчот самиот ја објави информацијата.






Младиот ракометар на „металурзите“ денеска јавно преку својот „Фејсбук“-профил објави дека нема симптоми и се чувствува добро.

– Сакам да ве известам дека сум ковид позитивен при последното тестирање во РК Металург. Моментално се чувствивам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот. Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз. Бладарност до клубот и соиграчите за подршката која ја добивам. Поздрав. – напиша Серафимов на „Фејсбук“.

Поврзани содржини