📷 МАРТИН ОД „НЕКСТ ТАЈМ“ И АНДРЕА СТАНАА РОДИТЕЛИ Музичарот и ракометарката добија ќерка
Музичарот Мартин Филиповски од „Некст тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа, станаа родители за првпат.
Музичарот Мартин Филиповски од „Некст тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа, станаа родители за првпат.
Андреа вчера се породи и на свет ја донесе ќерката, која го доби името Лиана.
Среќниот татко Мартин се огласи на својот профил на Инстаграм и со своите следбеници ја сподели радосната.
View this post on Instagram
„Светот во раце. Добредојде Лиана“, напиша Мартин.
Мартин и Андреа се заедно од 2015 година, а во 2022 година тој ја запроси ракометарката во интимна атмосфера.
Потоа, црковната венчавка се одржа во родниот град на ракометарката Андреа, Кичево.