Мартенс: Компаниите да одговорат на повикот на владата за инвестирање
Според Мартенс, со вакви чекори владата стимулира нови инвестиции кои ќе значат во реорганизација на глобалните синџири на снабдување.
Директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс во своето денешно обраќање се осврнува на јавниот повик за утврдување на состојбата на стратешкиот инвестициски проект според Законот за стратегиски инвестиции.
Според Мартенс, со вакви чекори владата стимулира нови инвестиции кои ќе значат во реорганизација на глобалните синџири на снабдување.
– Според владините критериуми, стратешките инвестициски проекти се инвестиции од најмалку 100 милиони евра на територии на најмалку две општини. Поточно инвестиции од најмалку 50 милиони евра во урбани општини и инвестициски проекти од најмалку 30 милиони евра во рурални општини – информира тој.
Мартенс информира и за очекувањата на владата за пад на бруто домашниот производ за 3,4% како и на влијанието на пандемијата врз туризмот.
– Туризмот во месеците февруари и март трпи загуби во висина од 80% – вели тој.
Мартенс се осврнува и на зголемувањето на просечната плата што, како што наведува, влијаело на намалување на конкурентноста на компаниите.
– Во првите месеци од оваа година просечната плата во Северна Македонија се зголеми за 12,4%, поточно просечна бруто плата во моментов изнесува 660 евра. Со зголемувањето на платите пред почетокот на пандемијата, конкурентноста станува се поголем предизвик затоа што зголемувањето на платите е можно само со паралелно зголемување на продуктивноста – вели тој..
Според него, зголемувањето на продуктивноста е ставена под прашање особено кога се работи за трудоинтензивни индустриски процеси.
– Во иднина зголемувањето на автоматизацијата ќе отвори и работни места со високи плати за високо квалификувани технички професии. Нашата програма за дуално стручно образование дава посебен придонес во ова поле – вели Мартенс.