МАРТА СТЈУАРТ ПО СМРТТА САКА ДА БИДЕ КОМПОСТИРАНА Славната бизнисменка и гуру за животен стил докажува дека сака да биде градинарка до самиот крај

Марта Стјуарт вели дека не сака да оди во задгробниот живот во несмасен ковчег... наместо тоа, таа планира да заврши на истиот начин како и нејзините починати коњи - како компост!

198

Познатата водителка, бизнисменка и гуру за животен стил, Марта Стјуарт (84), откри за време на неодамнешното појавување во подкастот „50+ & Unfiltered“ дека планира да биде компостирана по смртта.

За жена која е практично синоним за градинарска шапка и готвење од типот на „од фарма на трпеза“, тоа што нејзината последна желба ќе ја врати во почвата можеби не е изненадувачки, иако е и малку неконвенционално.






Со ова Марта докажува дека сака да биде градинарка до самиот крај.

За неа, традиционалното погребување не е опција, ѝ рекла таа на водителката на подкастот Шоун Килинџер. Кога ја прашала дали сака погреб или кремација, Марта одговорила:

– О, ќе бидам компостирана – рекла таа, објаснувајќи дека традиционалните погреби ги смета за „измама“.

ТВ ѕвездата потоа објаснила дека веќе го користи својот простран имот во Њујорк како гробишта за животните за кои се грижи.

Кога еден од нејзините коњи ќе умре, го завиткуваат во чист бел ленен чаршаф, а потоа се погребува на поле на нејзиниот имот.

– Имам гробишта за домашни миленици. И јас сакам да одам таму – била јасна Марта, а Килинџер ја предупредила за можни правни проблеми.

– Нема да повреди никого, тоа е мој имот – бил одговорот на ѕвездата.

Таа, исто така, зборува и за тоа што сака за последната вечера: нејзиниот последен оброк веројатно ќе биде кајгана од јајца од нејзините кокошки, со путер.

– Тоа е највкусното нешто на светот – додава ѕвездата.

Стјуарт поседува имот од 153 хектари во Бедфорд, Њујорк, наречен „Cantitoe Corners“.

Имотот е дом на коњи, магариња, кокошки, гуски, пауни и многу кучиња и мачки. Со текот на годините, Марта детално ги документирала своите животни и со задоволство го споделува  тоа со јавноста.

Компостирање човечки тела

Човечкото компостирање е особено популарно меѓу еколошки свесните луѓе кои сакаат нивниот погреб да биде што е можно поеколошки. Идејата е дека по смртта, телото се враќа во природата и служи како хранлива материја за нови растенија, со што се завршува природниот циклус на животот.

Компостирањето човечки остатоци – официјално познато како природна органска редукција – стана легално во Њујорк во декември 2022 година. Гувернерката Кети Хочул го потпиша законот, со што Њујорк стана шестата американска држава што ја одобри еколошката алтернатива за погребувањето. Според странските медиуми, државата Вашингтон била првата што ја легализирала практиката уште во 2019 година, а 14 други држави, вклучувајќи ги Калифорнија, Њујорк и Орегон, го следеле примерот.

Процесот обично вклучува ставање на телото во сад што содржи струготини од дрво, луцерка и слама. Природно присутните микроби ги разградуваат остатоците во текот на неколку недели, создавајќи почва богата со хранливи материи што може да се користи за садење. Во 2019 година, Вашингтон стана првата држава што ја легализирала практиката.

Поврзани содржини