МАРСОВСКИТЕ РУШЕВИНИ НА НАСА Хеликоптерчето прелета над чуден објект (ФОТО)

Хеликоптерчето „Генијалност“ забележало траги од паднат падобран на околу 800 метри оддалеченост уште претходно месецов, но сега се доближило доволно за да се види што точно е тоа. Научниците му даваа рок од само пет летови на „Генијалност“, а тоа ги надмина нивните очекувања.

429

Кога лани роверот „Истрајност“ на НАСА слета на МАРС со падобран, неговата задна обвивка која му помагаше да не изгори остана срушена во црвениот песок. Сега, повеќе од 365 дена подоцна, малото хеликоптерче „Генијалност“ кое уште лета на планетата прелета над рушевините и го сними она што останало, пишува Футуризам.

 






„Хеликоптерот на Марс прелета над падобранот и задната обвивка на Истрајност и морам да кажам дека е неверојатно да се лета на друг свет“, напиша на Твитер, Ерик Бегер од Ars Technica.

Хеликоптерчето „Генијалност“ забележало траги од паднат падобран на околу 800 метри оддалеченост уште претходно месецов, но сега се доближило доволно за да се види што точно е тоа. Научниците му даваа рок од само пет летови на „Генијалност“, а тоа ги надмина нивните очекувања.

Ова е негов 26-ти лет, а според мапата на НАСА и роверот и хеликоптерчето во последните недели оделе во спротивна насока од кратерот„ Језеро“, некогашното античко езеро, за да се вратат на локацијата каде останале падобранот и обвивката од роверот.

Поврзани содржини