„Маркс&Спенсер“: Продажбата во следните 9 до 12 месеци ќе биде сериозно погодена

294

Познатата британска марка и деловна групација „Маркс енд Спенсер“ денеска предупреди дека продажбата на облека, покуќнина и меѓународни операции во следните 9 до 12 месеци ќе бидат сериозно погодени од епидемијата на новиот коронавирус.

Поради тоа групацијата донесе одлука да не исплати дивиденди на акционерите за деловната 2019-2020 година. Со неисплаќањето на дивидентата, компанијата ќе заштеди 154 милиони долари. Тие велат дека не се во состојба да направат реална проекција на приходи за 2020-2021 година, но дека посткризната деловна перспектива на групацијата е многу добра.






– Компанијата не ја запре работата ниту за време на двете светски војни, ни за време на терористичките напади, ниту во време на бројни локални несреќи и елементарни непогоди и одлучна е и сега да продолжи да работи за своите клиенти, како што тоа секогаш го правела – изјави претставник на компанијата, која има 136 години традиција.

Поврзани содржини