„МАРКОВСКИ КОМПАНИ“ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН ТЕНДЕР ОД РЕК БИТОЛА Заедно со фирми блиски на Заев ќе копаат јаловина во битолскиот рудник
Договорот кој е вреден 24,9 милиони евра е објавен на интернет страницата за јавни набавки и предвидува „Марковски компани“ да ископа 4 милиони кубни метри јаловина од наоѓалиштата на јаглен во битолско.
ЕСМ, подружница РЕК Битола ја ангажира компанијата „Марковски компани Борче“ од Битола за ископ на јаловина во рудникот за јаглен за период од 18 месеци.
Договорот кој е вреден 24,9 милиони евра е објавен на интернет страницата за јавни набавки и предвидува „Марковски компани“ да ископа 4 милиони кубни метри јаловина од наоѓалиштата на јаглен во битолско.
На тендерот покрај „Марковски компани“ се јавила и градежната компанија „Пелистер“ од Битола која понудила да ја заврши работата за цена од 2.871 денар по кубен метар ископана јаловина без ДДВ наспроти понудата од 2.800 денари на „Марковски компани“. Услов на тендерот кој се реализира во отворена постапка и без аукција беше најниска цена.
Во договорот за јавна набавка стои и дека за „Марковски компани“ ќе работат 3 компании подизведувачи: струмичките компании „СИМ Инженеринг“ и „Јавор Транс“ кои ќе одработат по 10 отсто од работите и компанијата „Топлина“ од охридско Подмоље која исто така ќе треба да заврши 10 отсто од работите на ископот на јаловина.
Првите луѓе на една од струмичките компани се поврзуваат со поранешниот премиер Зоран Заев.
Ова не е прв тендер на ЕСМ, подружница РЕК Битола кој го добива компанијата „Марковски компани“. Таа го добива релиси секој тендер на РЕК Битола за ископ на јаловина. Ланскиот тендер изнесуваше 19,6 милиони евра.