Маркоски, Димитриевска Кочовска и Мизрахи нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница го избра Извршниот комитет во кој се најдоа двајцата потпретседатели на партијата, но генералниот секретар, поради лични причини се повлекува од функцијагта.
Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги избра новите членови на извршниот комитет.Во него, како што соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски како нови членови влегуваат инфектологот Вело Маркоски, Гордана Димитриевска Кочовска и Рашела Мизрахи.
Во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ покрај овие членови остануваат потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски, потоа Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.
Лидерот на партијата Мицкоски на прес-конференцијата рече дека досегашниот генерален секретар Игор Јанушев од лични причини се повлекува, а мандатот на претседателката на жените на ВМРО-ДПМНЕ и истекотл.
Мицкоски рече и дека добил поддршка да ја води партијата откако бил отфрлен неговиот предлог за одржување на вонреден конгрес за избор на нов лидер.