МАРКЕТИ ЈА ВРАТИЈА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ НА 25 И НА 27 ДЕНАРИ Бектеши наместо мерки ги повика сите трговци да го сторат истото
Министерот информира дека Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата.
Ја поддржуваме одлуката на дел од синџири на маркети во државата коишто донесоа одлука за време на криза да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој ги повика останатите трговци да ја следат одлуката и да бидат солидарни во време на глобална криза.
„Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија не ја покачуваат цената на лебот и таа останува од 25-27 денари за да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови“, напиша Бектеши.
Синџирот супермаркети „Кипер“ објави дека цената на основниот леб ќе ја заджи на 25 односно 27 денари.
Министерот информира дека Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата.