МАРК ЕНТОНИ СТАНА ТАТКО ПО ОСМИ ПАТ Пејачот сподели на Инстаграм дека добил ќерка
Латино ѕвездата ја сподели со своите обожаватели на Инстаграм среќната вест за раѓањето на Мајла и фотографии
Марк Ентони и неговата сопруга Надија Фереира го добија нивното второ заедничко дете, ќерката Мајла. Пејачот среќната вест ја сподели преку фотографии со своите обожаватели на Инстаграм.
– Каков голем благослов е што можеме со вас да го споделиме доаѓањето на нашата прекрасна Мајла 🤍 Не можете ни да замислите колку сме среќни дома, буквално сме во облаци! – напишаа Ентони и Фереира.
View this post on Instagram
Двојката со објава на Инстаграм, во јануари потврди дека го очекуваат своето второ дете, а само два месеци подоцна Фереира го откри полот на бебето.
– Среќна трета годишнина! Каков прекрасен подарок ни подари животот. Бог е голем, напишаа тогаш покрај фотографијата.
Надија Фереира и Марк Ентони се во брак од јануари 2023 година. За Фереира ова е прв брак, додека пак за Ентони е четврта среќа. Oсвен првиот син со Надиа, тој ги има и близнаците Макс и Еме кои ги доби од Џеј Ло, синовите Кристијан и Рајан од поранешната сопруга Дајанара Торес, како и двете најстари деца, Ариана и Чејс, што ги има од врската со Деби Росадо.