МАРИНА ТУЦАКОВИЌ НАПИШАЛА РОМАН ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ Пред да почине ги задолжила синот и сопругот да го објават
Марина многу патеше, но тоа не го покажуваше во јавноста. Целата болка таа ја преточуваше во стихови. Со години ја советувавме да објави книга по која подоцна би се снимил и филм. Кога започна пандемијата, многу тешко ѝ беше да пишува песни и сè повеќе се размислуваше за автобиографија. Започна на хартија да ги раскажува своите најтешки моменти. Во книгата детално ја опиша нејзината најтешка година, 2008-мата, кога почина нејзиниот син Милош, открива истиот извор за српски Информер.
Необјавен автобиографски роман успеала да напише Марина Туцаковиќ два месеци пред да замине на другиот свет, а по истиот ќе се снима и филм, пишува ХитПортал. Авторката на најголемите поп и фолк хитови на екс-ју сцената ги задолжила својот сопруг и син да ја издадат книгата, вели извор за срспки Информер, па сега се чека на нивната одлука дали ќе го направат тоа.
– Марина многу патеше, но тоа не го покажуваше во јавноста. Целата болка таа ја преточуваше во стихови. Со години ја советувавме да објави книга по која подоцна би се снимил и филм. Кога започна пандемијата, многу тешко ѝ беше да пишува песни и сè повеќе се размислуваше за автобиографија. Започна на хартија да ги раскажува своите најтешки моменти. Во книгата детално ја опиша нејзината најтешка година, 2008-мата, кога почина нејзиниот син Милош – открива истиот извор за српски Информер.
Во продолжение, видео со повеќе од 150 песни за кои Туцаковиќ го напишала текстот.