МАРИН ЛЕ ПЕН ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ БОРИ Француската политичарка ќе поднесе жалба за одлуката на судот
Ова е удар врз демократијата, изјави адвокатот на француската политичарка, Марин Ле Пен.
Француската политичарка Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на 4 години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.
Според одлуката, 2 од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и дека треба да плати парична казна од 100.000 евра.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.
– Ова е удар врз демократијата – рече нејзиниот адвокат.
Портпаролот на нејзината партија Национален собир изјави дека Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори.
Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција, закажани за 2027 година.