МАРИХУАНА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ 12 лица се приведени, ќе бидат поднесени пријави

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

166

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, синоќа во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје од слобода лиши 12 лица, информираат од МВР.

„Притоа кај Н.В.(42), Г.Н.(20), С.Ј.(21), А.Ј(35), Г.Т.(33), Л.Р(34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М(23), Ј.Ѓ(21), Л.Ј(18), Б.Б(26), Х.И.(20) и Д.М(39) била пронајдена марихуана“, соопштија денеска од МВР.






Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини