Марихуана на сите страни, а кучињата си касаат
Во текот на 18.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило.
ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ МАРИХУАНА – На 18.08.2020 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тајмишка“ ги лишиле од слобода А.М.(22) и А.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 18.08.2020 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Александар Македонски“ го лишиле од слобода М.З.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ДЕВОЈКА ФАТЕНА СО „ТРЕВА“ – На 18.08.2020 во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Стрезово“ ја лишиле од слобода Д.Џ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СКОПЈАНЕЦ СО ВОЗИЛОТО ЗАВРШИЛ ВО ОГРАДА – На 18.08.2020 во 12.40 часот било пријавено дека на автопат Велес-Скопје, во близина на мостот Отовица, С.Г.(62) од Скопје, правувајќи патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.
НАПАДНАТ ОД УЛИЧНО КУЧЕ – На 18.08.2020 во 14.45 часот во Полициската станица Центар, А.С.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Самоилова“ бил каснат од куче скитник.
БЕЗ ВОЗАЧКА ЛУДУВААТ ПО УЛИЦИТЕ – Во текот на 18.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, три возила бидејќи биле нерегистрирани, двајца возачи затоа што управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената, еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, а 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
СКОПЈАНКА ПРИЈАВИЛА КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ – На 18.08.2020 во 12.10 часот во Полициската станица Карпош, Љ.Д.(69) од Скопје пријавила дека на ул.„Лесновска“ била касната од куче скитник.