ПРИВЕДЕН ДЕБРАНИН ЗА МАРИХУАНА – На 16.10.2020 околу 14 часот во с.Вевчани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Љ.А.(23) од Дебар, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ВЕЛЕШАНЕЦ ФАТЕН СО ДРОГА – На 16.10.2020 во 9.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Г.(29) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ДОМА МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА И ВАГА – На 16.10.2020 во 11.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода С.Т.(36) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН СО МАРИХУАНА – На 16.10.2020 во 16.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Џ.А.(25) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СКОПЈАНЕЦ КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 16.10.2020 во 9.40 часот во Полициската станица Центар, В.И.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„11 Октомври“ бил каснат од куче скитник.
ПРИВЕДЕН АЛБАНЕЦ БАРАН ОД ИНТЕРПОЛ – На 17.10.2020 во 1.30 часот при влез во Република Северна Македонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп – листа со мерка „апси“, по барање од Интерпол – Атина, Република Грција. Тој бил приведен и во 05.30 часот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
АЕРОДРОМЕЦ КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 16.10.2020 во 16 часот во Полициската станица Аеродром, С.Р.(68) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.