МАРИЧИЌ ЗА ПРОШЕТКИТЕ НА РАШКОВСКИ Тоа е случај и со многу други притвореници кои имаат одобрение од судот

Министерот рече дека во сите случаи каде што судот дал одобрение присуството и ограниченоста на овие лица е гарантирана.

544

Ако Драги Рашковски, по одобрение на Судот бил на лекар, тоа е случај со многу други притвореници и затвореници изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

– Ниту се случило некое бегство, ниту, пак, некој бил под таква опасност. Во секој од тие случаи, Судот треба да цени и постапува, исто како и Обвинителството и директорите на затворите, затоа што тие се надлежни за обезбедување на овие лица. Никогаш не треба притворот да биде казна, но мора да биде превентивна мерка против влијаење на сведоци, бегство и повторување на делото и треба системот ефикасно да ги спречува сите овие лица за кои има индиции – изајви Маричиќ.






Во однос на  прошетките на затворениците, Маричиќ рече дека целосна будност и одговорност треба да покажат Управата за извршување на санкции и директорите на затворите.

– Директорите на затворите правата проценка и даваат мислење околу некое лице, а Судот одлучува каков статус ќе има, меѓутоа мислам дека во сите овие случаи присуството и ограниченоста на овие лица е гарантирана. Секој од нив има конкретен статус. Тој што го спомнавте, Зоран Милески Кичеец е повторно на продолжување на издржување на казната затвор во Затворот во Струга, со одземени сите погодности кои ги имал претходно од Судот – изјави Маричиќ.

Министерот информира дека над 30 лица оваа година имале статус на лице кое е во отворено или полуотворено одделение на затворот и имаат можност да работат во текот на издржувањето на казната затвор.

Статусот на сите лица, посочи Маричиќ, кои што се лишен од слобода и на кои им е одземено правото на слободно движење се регулира на релација меѓу Судот, Управата за извршување на санкции и директорите на затворите.

– Секој, кој што е лишен од слобода во затвор или во притвор има одредени права и обврски, кои ги разгледуваат и одлучуваат судовите. За нас е најважно да се одржи јавната безбедност, судството да функционира по закон и никој да нема можност да избега, да влијае на сведоците или да го повтори делото – изјави Маричиќ.

Поврзани содржини