МАРИЧИЌ, ШЕКЕРИНСКА И КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА МАРШИРААТ Започна Парадата на гордоста во Скопје
Настанот ќе заврши во 21 часот, а потоа ќе следува културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.
Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд.
Почетната точка на Парадата на гордоста беше паркот „Жена-борец“, каде што во 17 часот започне собирањето на учесниците.
Во 19 часот, по кратките поздравни говори, започна протестниот марш по скопските улици.
Настанот ќе заврши во 21 часот, а потоа ќе следува културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.
Камерата на Макфакс „улови“ дел од политичарите кои беа дел од поддржувачите.
На маршот присутен беше вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и експретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Парадата се одржува под силно полициско обезбедување, а учесниците со себе носат и транспаренти.
Во паркот е развеано и знамето со виножитото, кое симбол на ЛГБТ заедницата.
Лила Милиќ, трансродово лице пред почетокот на маршот изјави дека Скопје Прајд калп и другите паради на гордоста се празници на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните, но и повод за славење на жилавоста борбата за еднаквост.
Таа додаде дека на светско ниво, трансродовите жени се изложени на убиство од омраза. Од 2008 година во светот се евидентирани 4.039 убиства.
Како што посочи, многу сме далеку од демократско општеството, иако уште се убедуваме во тоа. Според Милиќ, многу случаи остануваат непријавени или непрепознаени како такви. Во нашата држава, додаде, уште немаме документирано случено убиство иницирано од омраза лон ЛГБТ популацијата.
Мајка на лице со различна сексуална ориентација изјави дека важно е родителите да разберат дека нивните деца имаат бројни квалитети и вредности и оти ја заслужуваат нивната безрезервна поддршка, внимание, грижа, посветеност без оглед на нивната сексуална ориентација и родов идентитет.
– Сексуална ориентација и родов идентитет не е избор на нашите деца, тие не избираат да бидат различни, но различни се само по својата сексуална ориентација – рече таа.