Маричиќ: Први ќе се ревидираат судските процеси од висок профил на корупција и организиран криминал

 Во однос на реформите, министерот за правда рече дека сака реформите да бидат правени во соработка со опозицијата.

1,029

Сѐ уште се  прецизира механизмот за ревизија на судските процеси, но сметам дека први на тапет треба да бидат случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал, изјави  министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата Анализа на ТВ 24.

Тој не ја  исклучува потребата  под контрола да се најдат и случаите или пресудите кои ги суделе судиите кои беа нотирани во извештајот на Стејт департментот.






Маричиќ рече дека е време судиите да судат според законите.

– Нема да има пресуди во четири очи, ниту на телефон. Очекуваме судиите да одлучуваат по своја волја и по закон без мешање на извршната власт и со задржување на поделбата на власта.Се бориме за независност и ефикасно судство. Имам предуслови за да ја подобриме оваа ситуација – рече Маричиќ

Во однос на реформите, Маричиќ истакна дека сака реформите да бидат правени во соработка со опозицијата.

– Да кроиме политика во интерес на граѓаните. Опозицијата имала и ќе има подадена рака од власта – рече Маричиќ.

Според него довербата во судствот е доверба во системот и дека власта има предуслови да ја качи еден степен погоре таа доверба.

Поврзани содржини