Маричиќ: Очекувам денеска да почне собраниска седница за одложување на пописот

168

Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува Собранието денеска да ја започне седницата за одложување на пописот, кој, како што вели, се уште не е почнат. Но, потенцираше дека одлуката кога ќе има седница на Собранието ќе ја донесе претседателот Талат Џафери. Маричиќ е дециден дека иако денеска официјално требаше да почне пописот, никој не го крши законот.

– Никој не го крши законот. По стандардите на Еуростат, пописот би требало да трае околу 15 дена. Битно е согласно постоечкиот закон кога е крајната точка. Може да почне и со неколку дена одложување. Знаеме дека идејата е пописот да биде одложенза септември. Тоа е формулирана во предлог измена на законо -, изјави Маричиќ за ТВ 24 вести.






Министерот за правда рече дека направени се техничките исправки што ги побара претседателот на Собранието за одложување на Законот за попис.

-Најавата ми е мене денеска би требало да има седница но тоа е одлука на претседателот на Собранието, рече Маричиќ, поренцирајќи дека очекувањата му се во текот на денот да има седница. Законот ќе се носи по скратена постапка и со европско знаменце, така што расправата доколку има амандмани би завршила најмногу за два дена.

Министерот за правда рече дека најголем дел од пратениците го поддржуваат одложувањето на пописот, освен Алијанса на Албанците и Алтернатива.

-Значи законот ќе помине само е прашање дали ќе помине денеска, утре или во сабота зависи колку време ќе треба за работа на Комисијата, рече Маричиќ.

Поврзани содржини