Маричиќ најави промена на Изборниот законик и воведување отворени листи

Од СДСМ имаше определба за една изборна единица, па сега останува на волјата на останатите политички чинители, рече министерот за правда Бојан Маричиќ.

656

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција најави промена на Изборниот законик и воведување на отворени кандидатски листи, но како што потенцираше, само ако има политичка волја од клучните политички партии.

– Ќе работам на измените на Изборниот законик со кои ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите локални избори следната година. Изборниот законик се носи со апсолутно мнозинство, тој закон се носи со консензус. Од СДСМ имаше определба за една изборна единица, па сега останува на волјата на останатите политички чинители. Ако клучните партии се согласат, тогаш ќе ја вградиме – рече Маричиќ.

 

Поврзани содржини