Маричиќ: Конечно имаме квалитетна рамка за професионално филтрирање на правосудството

На седницата беше разгледан и поддржан правилникот за оценка на работата на јавните обвинители, кој се носи како резултат на веќе донесениот Закон за Јавно обвинителство.

227

Министерот за правда Бојан Маричиќ по состанокот на Советот за реформи во правосудството изјави дека следната година ќе се направи најавената филтрација на судството. Според министерот преку овој процес ќе се врати изгубената доверба на граѓаните во правната држава.

– После цела една година се состана ова тело и се донесоа важни одлуки. Пред сè, се усвоија интерните планови на Судскиот совет за проверката на работата на судовите, претседателите на судовите и судиите, а исто и методологијата за оценување на судиите и претседателите на судовите. Тоа е главна алатка за најавеното филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите – изјави Маричиќ.






На седницата беше разгледан и поддржан правилникот за оценка на работата на јавните обвинители, кој се носи како резултат на веќе донесениот Закон за Јавно обвинителство.

– Мислам дека се создадени сите услови и во судството и во обвинителството да имаме една квалитетна проверка и едно професионално проверување на работата и на судството и на обвинителството – изјави Маричиќ.

На денешната седница на Советот за реформи во правосудството со која претседаваше Министерот за правда Бојан Маричиќ, беше претставен и потврден Интерниот план на Судскиот совет за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за 2021 година. Дополнително беа потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење, а другата за квалитативно оценување на претседателите на судовите.

Овие документи ќе бидат своевиден патоказ за тоа на кој начин следната година ќе се направи проверка на работата на судството.

Дополнително, на Советот беа одобрени идните активности за оценување на работата на јавните обвинители, преку утврдените критериуми содржани во Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители, донесен од Јавниот обвинител на Северна Македонија.

Поврзани содржини