Маричиќ: Изборниот модел се менува само со консензус!

Партиите ќе мораат да продолжат и во периодот по изборите, уште поинтензивно и конструктивно да пристапуваат кон ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани.

344

Отворени листи на следните избори, за да може да се гласа за личност, а не за партија е ставот на владината коалиција, објаснува Бојан Маричиќ, министерот за правда.

Тој на денешниот настан организиран од ЦИВИЛ уште еднаш нагласи дека изборниот модел ќе мора да се донесе со консензус од сите политички субјекти и дека од таа пракса нема отстапување.






– Партиите ќе мораат да продолжат и во периодот по изборите, уште поинтензивно и конструктивно да пристапуваат кон ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани – порача тој во врска со новиот изборен модел кој допрва треба да биде гласан во Собранието.

Министерот, сепак е задоволен дека политичарите досега се договориле да ги исполнат препораките на ОБСЕ и ОДИХР во врска со водењето на избирачкиот список, начинот на кандидирање, финансирањето на изборната кампања и заштитата на избирачкото право.

 

Поврзани содржини