МАРИЧИЌ И КОВАЧЕВСКИ ДА КАЖАТ ДАЛИ ПРИФАТИЛЕ АНЕКС ДОГОВОР? Државниот врв ја „витка кичмата“ во преговорите со Бугарите
Маричиќ и Ковачевски од една страна се оградуваат од Македонците во Бугарија, велат дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а истовремено виткаат кичма пред диктатот на Софија за промена на македонскиот Устав, вели Стоилковски.
Согласно владиниот став искажан од Бојан Маричиќ очекуваме денеска во владата да биде искажан совет до бугарскиот премиер дека не е работа на Бугарија да, цитирам „да кажува каде какво малцинство има во регионот“, и дека „тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Маричиќ и Ковачевски од една страна се оградуваат од Македонците во Бугарија, велат дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а истовремено виткаат кичма пред диктатот на Софија за промена на македонскиот Устав, отворање на преамбулата. Второ и многу важно, е Маричиќ и Ковачевски да кажат дали прифатиле Анекс договор којшто ќе ги преформулира членовите на Договорот за добрососедство, согласно коишто би се променила улогата, формата и целите на комисијата за историски прашања. Маричиќ јасно посочува „нова форма“ и го поставува прашањето дали таа комисија воопшто ќе егзистира, и во која форма – порача Стоилковски
Портпаролот на опозициската партија изрази јавно сомневање во искресноста на македонската страна во преговорите со бугарската.