МАРИЧИЌ БАРА ДА БИДЕ ПОМИЛУВАН КОЧАН Комисијата утре ќе одлучува во врска со казната

Иако од ова Министерство велат дека нема барање за помилување на Кочан, Алсат вчера го објави документот преку кој првиот човек на Министерството за правда, Бојан Маричиќ бара Кочан да биде делумно помилуван за шест месеци.

1,267

Во понеделник во рамки на Комисијата за помилување во рамките на канцеларијата на претседателот, Стево Пендаровски, меѓу другото ќе се одлучи и за барањето на Сеад Кочан, испратено преку министерот за правда Бојан Маричиќ за делумно помилување од шест месеци, објави Алсат-М.

11 члената комисија, предводена од Уранија Пировска, мора да одлучи дали ќе му прости или не на човекот кој го оштети државниот буџет од 17 милиони евра.






Барањето на Кочан е упатено од затворот Идризово, а го разгледуваше посебна комисија при Министерството за правда.

Иако од ова Министерство велат дека нема барање за помилување на Кочан, Алсат вчера го објави документот преку кој првиот човек на Министерството за правда, Бојан Маричиќ бара Кочан да биде делумно помилуван за шест месеци.

– Делумно да биде ослободен од натамошно издржување затворска казна, односно шест месеци – се вели во барањето за помилување.

Затворската казна почнал да ја издржува на 01.08.2019 година, додека казната му завршува на 01.04.2024 година. Осудениот има одлежано 2 години и 5 месеци од казната. Од 01.01.2022 година треба да одлежи уште 2 години и 3 месеци затвор“.

Неофицијално, 6 од 11 членови се против барањето на Маричиќ и најавија бојкот на состанокот, постапка што ќе ја оневозможи работата на телото за помилување. Во отсуство на кворум, во прашање се и други помилувања.

Поврзани содржини