🎥 МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ЗА ПРВПАТ ОТИДЕ ВО РОДНИОТ ГРАД СО СИНОТ Пејачката ја совладале емоциите, се расплакала пред сите

Српската пејачка Марија Шерифовиќ за првпат по две децении организираше концерт во својот роден град Крагуевац, каде дојде заедно со својот син.

515

Српската пејачка Марија Шерифовиќ за првпат по две децении организираше концерт во својот роден град Крагуевац, каде дојде заедно со својот син.

На малиот Марио ова му е првпат да го посети родното место на мајка си, а пејачката и нејзиниот син уживаа во секој момент, а во текот на концертот во еден момент ја совладаа емоциите и заплака пред публиката.






– Еве јас сум во Крагуевац дома со Марио, имавме сега некој ручек, се разбира, некое печено месо. Сега е околу седум часот, ќе одам малку да се одморам. Поздрав од Крагуевац – рекла таа.

Вториот ден Марија се подготвувала за концертот, а нејзините сограѓани ја пречекале во салата „Језеро“ со овации, додека пејачката одржала емотивен говор.

– За почеток, драги мои Крагуевчани и останатите кои се чувствувате така, добровечер. Јас пред 20 години храбро се спакував со желба да одам некаде и да бидам најдобра. Сум пеела во Крагуевац можеби двапати досега, не знам ни како се случи да поминат 20 години додека да одржиме еден убав солистички концерт – порачала Марија.

Поврзани содржини