МАРГО РОБИ СТАНА НАЈПЛАТЕНАТА АКТЕРКА ВО ХОЛИВУД Еве колку доби за улогата на Барби
Нејзината заработка ја надмина претходната која изнесуваше 10 милиони долари за улогата во филмот „Birds of Prey“.
Марго Роби (32) официјално стана најплатената актерка во Холивуд, а за улогата во филмот „Барби“ во кој глуми со колегата Рајан Гослинг, доби рекордни 12,5 милиони долари.
Во филмот „Барби“ таа ја игра иконската кукла Барби, додека Рајан Гослинг ќе го видиме во улогата на Кен.
Margot Robbie and Ryan Gosling are both being paid $12.5 million for ‘BARBIE.’ pic.twitter.com/WchaLJ3VjC
— Pop Base (@PopBase) July 20, 2022
Нејзината заработка ја надмина претходната која изнесуваше 10 милиони долари за улогата во филмот „Birds of Prey“.
На Гослинг наводно му бил платен ист хонорар како и на Марго, со што двајцата се на 16-то место на листата на „Вариети“ за најплатени актери во Холивуд.
🇦🇺 Margot Robbie (2022)⚡️ pic.twitter.com/vy5NqAEakA
— Celeb Crushes 95K (@coolcrushes) July 19, 2022
На второ место, веднаш по Марго, е актерката Мили Боби Браун, која заработи 10 милиони долари.
На првото место на оваа листа е Том Круз кој заработи неверојатни 100 милиони долари за продолжението на филмот „Топ ган: Маверик“.
Филмот „Барби“ се снимаше четири месеци, а социјалните мрежи беа преплавени со нови фотографии од Рајан и Марго кои личеа на Барби и Кен. Сепак, актерката објаснува дека нѐ очекува нешто неочекувано.
– Луѓето веднаш имаат претпоставки. „О, Маргот ја игра Барби, знам што е тоа“. Тоа беше нашата цел – што и да мислите, ќе ви дадеме нешто сосема друго, она што не сте знаеле дека го сакате – рекла актерката.