МАРГИНАЛЦИ, КОИ СО ПРОВОКАЦИИ САКААТ ДА СТАНАТ ПОПУЛАРНИ Ковачевски за изјавите на Џамбаски и Костадинов

Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава – рече премиерот Ковачевски.

207

Целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку провокативни изјави, ама нема да им ја исполниме желбата – рече премиерот Димитар Ковачевски денеска на прашање како ги коментира изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и на пратеникот Костадин Костадинов на чествувањето на Мара Бунева во Скопје.

– Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава, а јас претставувам Влада кој комуницира со Владата на Бугарија со која имаме комуникација на многу повисоко ниво од она што беше во минатото – изјави Ковачевски.






Тој посочи дека Министерството за надворешни работи соодветно реагирало на овие изјави со нота до Софија во која ваквите постапки точно ги адресираше како закана по добрососедските односи и побара од бугарското МНР од нив да се огради.

Иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е и единствената цел, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и одржување на позитивен дух во билатералните односи – изјави Ковачевски.

Меѓудругото Џамбаски на панихидата и чествувањето на Бунева во Скопје изјави: „Да живее Бугарија, Македонија е бугарска“.

Поврзани содржини