МАРАТОНСКИОТ МЕЧ ЗАВРШИ СО ПОБЕДА ЗА КАЛИН ИВАНОВСКИ Македонскиот тенисер го совлада Биелински во Опатија

Ова е петта победа за Ивановски на овој турнир (три во квалификациите) и утре во четвртфиналето Калин ќе игра против вториот носител на турнирот Зденек Колар од Чешка (28 години, 399 место АТП).

250

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен и маратонски меч успеа да го совлада шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина во второто коло на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски победи со 2-1 во сетови (7:6(3) 5:7 7:6(4)) за 3 часа и пет минути игра.

Во првиот сет се водеше голема борба за секој поен, а тенисерите го освојуваа гемот на сопствен сервис. Во 13-тиот гем во тај брејкот под 1:0 на поени за Биелински, Ивановски направи серија од четири поени за предност од 4:1 и гемот го заврши со 7:3 на поени за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет изедначео беше до 5:5 во гемови кога противникот на Калин успеа да направи брејк и сетот потоа го доби со 7:5 во гемови за 1-1 во сетови.






Во решавачкиот сет повторно неизвесност до 3:3 во гемови. Но, по направениот брејк украинскиот тенисер дојде до предност од 5:3 во гемови. Ивановски најави пресврт го доби деветиот гем во сетот за да намали на 5:4 во гемови.

Во 10-тиот гем Биелински беше на две топки до победа на свој сервис, но македонскиот тенисер не го дозволи тоа и успеа од единствената брејк шанса да напарви брејк и да изедначи на 5:5 во гемови. По 6:6 во гемови следуваше уште еден тај брејк. Калин повторно почна одлично и поведе со 4:0 на поени и предноста ја зачува до крајот добивајќи го сетот со 7:4 на поени.

Ова е петта победа за Ивановски на овој турнир (три во квалификациите) и утре во четвртфиналето Калин ќе игра против вториот носител на турнирот Зденек Колар од Чешка (28 години, 399 место АТП).

Поврзани содржини