МАРАКУЈА, ГУАВА, КИВАНО… Албанија стана рајска градина за одгледување егзотични овошја за европскиот пазар

Маракуја, гуава, питаја или кивано – климатските промени ги охрабрија албанските земјоделци да почнат да одгледуваат егзотични овошја што имаат намера да ги пласираат или веќе ги пласираат на европскиот пазар.

4,200

Малата фарма на искусниот агроном Иракли Шкоза, сместена недалеку од морето во централниот дел на Албанија, е еден вид рајска градина под јадранското сонце, пишуваат хрватските медиуми.

Со оглед на температурите на воздухот што се зголемуваат секоја година, во 2019 година Шкоза ја добил идејата за диверзификација – проширување на активноста на поголем број производи или услуги, проширување на асортиманот и продажбата на производи, во момент кога повеќето негови врсници одамна би биле пензионирани.






Овој смел 75-годишник прво донел семе од егзотични растенија од Африка и Америка и ги засадил на својата парцела од два хектари.

Тие многу брзо се прилагодиле на топлата локална клима. Треба да се напомене дека регионот Дивјака, сместен помеѓу малку ридесто земјоделско земјиште и морето, некогаш бил житница на Албанија, а земјоделците денес таму одгледуваат зеленчук и лубеници за локалниот пазар и за извоз.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини