Марадона сам си го смислил текстот за надгробната плоча – еве што ќе пишува!
Благодарам што можев да играм фудбал, бидејќи тоа е спортот кој ми донесе радост и слобода. Како да го допрев рајот со моите две раце - рекол Марадона.
Смртта на најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона, го потресе целиот свет. Огромен број фудбалски ѕвезди од вчера постојано испраќаат емотивни пораки и се збогуваат со фудбалскиот волшебник, а во Аргентина, пак, вирално стана едно видео кое датира од пред 15 години и во кое Марадона кажува што сака да пишува на неговата надгробна плоча.
Станува збор за специјалното интервју кое Диего самиот си го направи во 2005 година во програмата „La noche del 10“, а во кое сам се прашува и сам одговара на прашањето што да пишува на неговата надгробна плоча.
– Благодарам што можев да играм фудбал, бидејќи тоа е спортот кој ми донесе радост и слобода. Како да го допрев рајот со моите две раце. Благодарност до топката. Да, на надгробната плоча би напишал: „Благодарен сум ѝ на топката!“ – рече тогаш Марадона.