МАРАДОНА ПОВЕЌЕ ОД 2 ЧАСА ЛЕЖЕЛ МРТОВ ВО НЕЧИСТА КУЌА Шокантни нови детали за смртта на легендата

Колин Кембел, лекар кој бил повикан од обезбедувањето во куќата на Марадона на трагичната ноќ, откри вознемирувачки детали за условите во кои престојувал славниот Аргентинец.

1,218

Судењето на обвинетите за убиство од небрежност во случајот со смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона продолжува, а сведочењето на лекарот кој бил негов сосед предизвика шок во судницата.

Колин Кембел, лекар кој бил повикан од обезбедувањето во куќата на Марадона на трагичната ноќ, откри вознемирувачки детали за условите во кои престојувал славниот Аргентинец.






– Куќата беше во крајно нехигиенска состојба, особено собата во која се наоѓаше Марадона. Немаше ниту основни хигиенски услови, ниту неопходна медицинска опрема за нега на пациент кој неодамна имал операција – изјави Кембел.

Тој дополнително истакна дека во ноќта на смртта, на 25 ноември 2020 година, при пристигнувањето во домот на Марадона, забележал медицинска сестра која се обидувала да го реанимира 60-годишниот фудбалер. Сепак, според него, Марадона веќе бил мртов најмалку еден до два часа пред неговото пристигнување.

Сведоштвото на Кембел беше потврдено и од лекарот Хуан Карлос Пинто, кој пристигнал како дел од тимот на Брза помош малку подоцна.

Поврзани содржини