Марадона извршил самоубиство?

Сè укажува на тоа дека станува збор за некаков вид самоубиство - истакнал Д-р Кае за аргентинските медиуми.

1,111

Иако помина еден месец од смртта еден од најдобрите фудвалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, сепак, во светот сè уште не стивнуваат контроверзиите околу неговата смрт.

Неговиот поранешен доктор, Алфредо Кае, кој од 1977 до 2007 се грижел за здравјето на Аргентинецот, смета дека смртта на Марадона настанала поради некаков облик на самоубиство.






Како што вели тој, непосредно пред смртта, фудбалската легенда била на операција на главата, па како што објаснува докторот, по зафатот Марадона паднал во депресија и престанал да јаде и да зема лекови.

Според Кае, една од жените кои се наоѓале во опкружување на фудбалерот, му кажала дека му се „смачило од животот“.

– Вероника Оједа, со која Диего има дете, ми кажа дека тој е уморен од сè и дека не може повеќе да живее, бидејќи направил сè што можел да направи. Причината за неговата смрт не ми делува како класичен срцев удар. Сè укажува на тоа дека станува збор за некаков вид самоубиство – истакнал Кае за аргентинските медиуми.

Тој потврдил дека Марадона претходно се обидел да изврши самоубиство, на Куба, кога со својот автомобил се залетал во автобус, но од сударот излегол без потешки повреди.

Поврзани содржини