Марадона итно пренесен во болница, бил во тешка депресија

341

Диего Армандо Марадона бил хоспитализиран во болницата Ла Плата, пренесуваат светските медиуми. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња немал коронавирус, ниту некоја друга болест, туку побарал да биде хоспитализиран бидејќи психички не се чувствувал добро.

Изминатите денови Марадона бил многу депресивен, јавува ЕСПН Аргетнина.






Марадона во вторникот го прослави 60 роденден, а истиот ден со Химнасија Ла Плата забележа победа од 3:0.

„Не е ништо сериозно. Диего е уморен и тоа влијае врз неговото тело“, рекол неговиот доктор.

Марадона, наредните три дена ќе ги мине во болницата во Ла Плата.

Поврзани содржини