Марадона бил убиен?
За смртта на Марадона обвинети се хирургот Леполдо Луке, психијатрот Агустин Косаков, психологот Карлос Дијаз и медицинските лица Дајана Мадрид, Рикардо Алмирон, Маријано Перони и Нанси Форлини.
Аргентинското обвинителство обвини седум лица за смртта на еден од најдобрите светски фудбалери Диего Армандо Марадона.
Светските медиуми пишуваат дека постои сомнеж дека Марадона е убиен со намера. Агенцијата ЕФЕ објави дека обвинетите ќе мора да дадат изјави и дека обвинителството им забранило да ја напуштат Аргетнтина.
За смртта на Марадона обвинети се хирургот Леполдо Луке, психијатрот Агустин Косаков, психологот Карлос Дијаз и медицинските лица Дајана Мадрид, Рикардо Алмирон, Маријано Перони и Нанси Форлини.
Доколку обвинителството ја докаже вината овие лица се соочуваат со затвориски казни од осум до 25 години.