МАРАЈА КЕРИ СО БЕЈЗБОЛ ПАЛКА КРШИ ТИКВИ Со овој необичен чин ја испрати оваа порака (ВИДЕО)
И додека часовникот отчукувал полноќ, се појавила Мараја Кери во црвен фустан украсен со светки и во блескави потпетици, кршејќи тикви со црвено-бела палка за бејзбол.
Американската пејачка Мараја Кери (51), која нејзините обожаватели ја нарекуваат и „Кралица на Божиќ“, на Инстаграм празникот „Ноќта на вештерките“ го испрати со кршење тикви со бејзбол палка и го најави почетокот на божиќната сезона или, како што самата ја нарече – сезоната на Мараја Кери.
Во видеото објавено на Инстаграм, во понеделникот на полноќ, таа го покажала влезот во нејзиниот дом полн со разни украси за „Ноќта на вештерките“, а меѓу нив имало и три тикви на кои пишува „Сѐ уште не е време“, пишува „Индипендент“.
View this post on Instagram
И додека часовникот отчукувал полноќ, се појавила Мараја Кери во црвен фустан украсен со светки и во блескави потпетици, кршејќи тикви со црвено-бела палка за бејзбол.
Во исто време се слушала и музика во позадина, нејзиниот долгогодишен хит „All I Want For Christmas Is You“.
Во продолжение на видеоклипот, Кери ги воведува фановите во својот дом и вели: „Сега е време!!! Искршете ги тиквите и направете пита од нив… затоа што допрва мора да помине и „Денот на благодарноста“!!! Подготвени? Еве одиме! #Mariah#“, напишала пејачката алудирајќи на тоа дека почетокот на ноември ја означува божиќната сезона во која најмногу ќе се слуша нејзиниот стар хит.
Google Trends и други слични платформи веќе објавија дека популарниот божиќен хит веќе се искачува на врвот на топ листите на најпопуларни песни.
Оваа ситуација се повторува секоја година од 1994 година, кога Кери првпат ја објави. Оттогаш таа се претстави со неколку обработки, од кои последната е објавена на 20 декември минатата година. Интересно е што божиќниот хит на Кери минатата година за прв пат се најде на врвот на топ-листата Billboard Hot 100.
ФОТО: Инстаграм