МАРЈАН ДОКАЗ ИТНО ПРИМЕН ВО „8. СЕПТЕМВРИ“ Има проблеми со срцето
Поради болки во градите Марјан-Доказ вчера бил пренесен на скопските клиники, односно на Клиниката за кардиологија, од каде попладнето на свое барање бил вратен во истражниот затвор.
Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“, денеска од притворот од Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари итно е префрлен во ГОБ „8 Септември“, за натамошно лекување поради поради проблеми со срцето, потврдиле затворски извори за Фокус.
Претходно Плусинфо објави дека поради болку во градите Марјан-Доказ вчера бил пренесен на скопските клиники, односно на Клиниката за кардиологија, од каде попладнето на свое барање бил вратен во истражниот затвор.
Марјан Стаменковски се гони за неколку кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци, поради што повеќе од еден месец е во притвор.