📽️ 📷 „МАПАТА Е ОДЛИЧНА, КАКО ДА ЈА ВРАТАМ?“ Зеленски и Трамп имаат различни верзии за тоа колку територија контролира Русија

Се чини дека Трамп не се согласува со Зеленски дека Русите бавно напредуваат. На мапата која му ја претставил на Зеленски пишува: Луганск 99 проценти, Донецк 76 проценти (двете области заедно го сочинуваат регионот Донбас), 73 проценти од регионите Херсон и Запорожје на југ и југоисток, 4 проценти од регионот Харков на североисток и половина процент во регионите Сумски и Николаев.

3,772

„Ви благодарам за мапата, патем, беше одлична“.

Вака му рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот колега Доналд Трамп во Белата куќа кога пред присутните на состанок му беше претставена мапа на Украина со означена петтина од територијата во црвено.






– Размислувам како да ја вратам – додаде тој.

Присутните, меѓу кои и европските лидери кратко се насмеаја. Трамп духовито му одговори:

– Не грижи се, ќе ти дадеме една.

Снимката од самитот во Вашингтон која се прошири по социјалните мрежи ги отвори прашањата за тоа дали Украина ќе ги отстапи четирите региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје на Русија во претстојните преговори.

Зеленски рече дека фрла сомнеж врз процентите прикажани на картата на Белата куќа што претставуваат кои територии Русите ги контролираат во бројки.

 

На картата која Трамп му ја претставил пишува: Луганск 99 проценти, Донецк 76 проценти (двете области заедно го сочинуваат регионот Донбас), 73 проценти од регионите Херсон и Запорожје на југ и југоисток, 4 проценти од регионот Харков на североисток и половина процент во регионите Сумски и Николаев.

Западните медиуми објавија и дека Путин наводно телефонски му рекол на Трамп дека го сака целиот Донбас (регионите Донецк и Луганск) во замена за замрзнување на огнот и можен иден договор.

Запрашан за можната отстапка на територии Зеленски по состанокот со Трамп во Вашингтон изјави дека „тоа е меѓу мене и Путин“.

Но, на состанокот со Трамп, тимот на Зеленски презентирал и сопствена мапа на Украина. Во верзијата на Зеленски, било прикажано дека во последните 1.000 дена Русија успеала да окупира помалку од 1 процент од територијата на Украина.

Украинскиот лидер подоцна рече дека за време на разговорот со Трамп, тој „се спротивставил со тоа што било претставено на таа мапа“, во врска со „кој контролира што – не според гласини, туку во реалноста“.

Што изјави Трамп за мапата? Се чини дека Трамп не се согласува со Зеленски дека Русите бавно напредуваат.

– Претпоставувам дека сите ја видовте мапата. Русија зеде голем дел од територијата и таа територија е под нивна контрола – рече шефот на САД за Фокс њуз ден по состанокот.

Беше јасно, рече тој, дека руските сили се „очигледно многу помоќни, и знаете, не е како да застанале“.

Кога го прашале како се чувствува во просторијата со европските лидери во врска со размената на територии, тој рекол:

– Сега зборуваат за Донбас, но Донбас моментално е… 79 проценти во рацете на Русија.

Аналитичарите од украинската група за мапирање DeepStateUA ја проценуваат окупираната територија на 5.842 квадратни километри од ноември 2022 година.

Трамп го прекина состанокот со Зеленски и со европските лидери во Вашингтон по 40 минути, за да му телефонира на Путин и да договори можна тројна средба со него и со Зеленски.

Додека светот ја чека можната разврска, бројни земји се нудат да бидат домаќини на ваквиот самит. Меѓу нив се Австрија, Унгарија, Швајцарија, а од регионот Србија.

Зеленски подоцна изјави дека очекува во следните 10 дена да се разјасни какви точно безбедносни гаранции ѝ се нудат на Украина и за истите да биде разговарано на евентуалниот самит.

Поврзани содржини